ЗАТВОРАЊЕ НА „ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ“

 ЗАТВОРАЊЕ НА „ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ“

СО ОЛИВИЕ САМУИЛАН ОД ФРАНЦИЈА, FANFARA STATION И САШО ПОПОВСКИ КВАРТЕТ СЕ ЗАТВОРИ ПЕТТИОТ „ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ“

Со настап на Оливие Самуилан од Франција и Сашо Поповски квартет од Македонија на сцената во Битолскиот театар, се затвори 5 јубилејно издание на „Џез фактори фестивалот“, кој оваа година беше дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Сашо Поповски настапи заедно со Кирил Кузманов на алт саксофон и флејта, Иван Бејков на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Поповски е неуморниот борец за покултурна македонска музичка сцена и еден од нашите најактивни претставници надвор од земјата. Квартетот е составен од докажани имиња на македонската џез сцена.

Покрај нив, настапија и FANFARA STATION од Италија, а беше доделена и наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар за 2021 година на Александар Бошков.

Џез Фабрика Фестивал – Битола, кој се реализира со поддршка од општина Битола, е единствен етаблиран меѓународен џез фестивал на територијата на Општина Битола кој ја негува современата и прогресивна музичка мисла со главен фокус на домашните и регионални артисти, стожер во креирањето на современата Македонска музичка сцена, преку културна децентрализација, меѓународна промоција на домашни артисти, партнерство во европски мрежи, промотор на социјални и општествени промени.