ПРОГРАМА НА БИТ ФЕСТ ЗА 2025

БИТ ФЕСТ 2025 – УБАВИНАТА НА УМЕТНОСТА И ОВА ЛЕТО ВО БИТОЛА

Под слоганот „Убавината на уметноста“, Битолското културно лето и годинава, во своето 17-то издание, носи богата програма исполнета со културни настани што го збогатуваат уметничкиот живот на градот.

Во текот на летото, Битола ќе биде сцена на: концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции, уметнички перформанси и многу други настани кои ја слават културата и креативноста.

Запознајте се со програмата во прилог и испланирајте го вашето културно лето во Битола!

Следете нè на Фејсбук и веб страната на фестивалот за најнови информации и дневни најави.

Битолското културно лето БИТ ФЕСТ се реализира во соработка помеѓу Општина Битола и Културен и информативен центар Битола, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

МАПА НА НАСТАНИ