НАСТАП НА КАМЕРНИОТ ХОР „ОДЈЕК“

 НАСТАП НА КАМЕРНИОТ ХОР „ОДЈЕК“

Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во културниот и информативен центар Битола, синоќа се одржа концерт на Камерниот хор „Одјек“ од Пожаревац.
Публиката имаше можност да ужива во изведбата на традиционални песни од Балканот, меѓу кои “Што ми е мило ем драго”, “Посеје деда три леје лука”, “Назад Калино моме” и други.