Јубилеен концерт на Стефанија Милевска – Враниќ:

 Јубилеен концерт на Стефанија Милевска – Враниќ:

Синоќа, во новата сцена на Центарот за култура Битола, во рамки на Бит Фест, љубителите на добрата музика уживаа во вистинско музичко доживување! Стефанија Милевска – Враниќ одбележа 10 години своја музичка приказна, полна со креативност, страст и искреност.
Позната по својот препознатлив стил и оригинален звук, Стефанија заедно со исклучителни музичари го претстави своето музичко патување, каде што емоцијата, слободата и љубовта кон музиката се чувствуваа во секоја нота.
🎤 Во емотивниот почеток на концертот, таа порача:
„Од денес решив да споделувам само среќа. Верувам дека сè ќе биде убаво, позитивно, дека Бог е моја единствена водилка. Среќна сум што вечерва токму вие ја делите оваа магија со мене.“
Концертот беше вистинска фузија на стилови – од авторски композиции, до џез стандарди и преработки во современ џез, џез-рок и босанова аранжмани. Совршен баланс меѓу класика и модерно, меѓу нежност и енергија.
На сцената настапија:
🎙 Стефанија Милевска – Враниќ – вокал
🎙 Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали
🎸 Владимир Враниќ – гитара
🎺 Владимир Николиќ – Dadoni – труба
🎹 Ристо Крстевски – клавијатура
🎻 Зоки Паркет – контрабас и бас
🥁 Павел Талевски – тапани
Битола и Бит Фест повторно докажаа дека се дом на квалитетната музика и уметност! 🎶❤️
Проектот се рализираше со поддршка на Министерство за култура и туризам и Општина Битола.