БИТ ФЕСТ 2025 ЗАПОЧНА ПОД СЛОГАНОТ „УБАВИНАТА НА УМЕТНОСТА“

 БИТ ФЕСТ 2025 ЗАПОЧНА ПОД СЛОГАНОТ „УБАВИНАТА НА УМЕТНОСТА“

Со концерт на легендарните „Леб и сол“ во Хераклеја, синоќа беше отворено 17-то издание на Битолското културно лето — БИТ ФЕСТ. Градоначалникот Тони Коњановски го означи почетокот на фестивалот, нагласувајќи дека Битола продолжува да ја слави уметноста, културата и традицијата.

Фестивалската програма ќе трае до 31 август и опфаќа богата понуда од настани, вклучувајќи ги „Битола отворен град“, „Илинденски денови“, „Битолино“, „Локум фест“, како и концерти и јубилеи на домашни уметници и настап на светската ѕвезда Армин ван Бурен.

БИТ ФЕСТ е централен културен настан во градот повеќе од 17 години и важен симбол на летниот културен живот во Битола.