ФОТО-РЕПОРТАЖА ОД КОНЦЕРТОТ НА ТАНЕЦ НА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ 2025“

 ФОТО-РЕПОРТАЖА ОД КОНЦЕРТОТ НА ТАНЕЦ НА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ 2025“

Не веруваме дека ќе најдете некого кој нема да се согласи со чувството дека Битола е некако поубава и повесела кога се одржуваат „Илинденски денови“. Како целиот град да дише во ритамот на македонскиот фолклор. Синоќа големото плато пред Офицерскиот дом -КИЦ Битола, беше претесен да ги собере сите вљубеници на националниот ансамбл „Танец“ и солистите како Сузана Спасовска, Елена Андоновска и др. кои настапија вечерта… Ви пренесуваме дел од амбиентот забележани од нашиот колега Сашо Ставрев.