ФОТОГРАФСКИ МИГОВИ ОД КОНЦЕРТОТ „КЛАСИЧНА БАЈКА“
Во прекрасна атмосфера, во Офицерскиот Дом, како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, синоќа битолската публика со задоволство го проследи концертот насловен „Класична бајка“ на оперскиот уметник Кристијан Антовски и пијанистката Елена Силјаноска.
Оваа класична бајка беше вистински спој на повеќе епохи и изведба на композиции напишани од најголемите класични композитори од целиот свет, но и од Македонија, како: Ш.Гуно, П.И.Чајковски, Г.Ф.Хендл, С. Христиќ, Т. Прокопиев и други.
Присутните имаа можност да проследат уште една прекрасна вечер на БИТ ФЕСТ.







