БОЈАН ВЕЛЕВСКИ СО СТЕНДАП ШОУ НА БИТ ФЕСТ
Синоќа, амфитеатарот на Тумбе кафе во Битола беше исполнет со смеа и позитивна енергија, благодарение на стендап вечерта во рамки на БИТ ФЕСТ, на која настапи еден од најпознатите македонски комичари – Бојан Велевски.
Велевски, кој со доза на хумор спомена дека потекнува од „двата града што битолчани најмногу ги мразат“ – роден во Скопје, со потекло од Прилеп – ѝ се заблагодари на битолската публика за постојаната поддршка и бројната посетеност на неговите настапи низ градот.
Публиката имаше можност да ужива во свежа доза хумор инспириран од секојдневни ситуации со кои сите можеме да се поистоветиме. „Смеата е најдобар лек, а Тумбе кафе е вистинското место за тоа,“ порача Велевски на крајот од вечерта, оставајќи ја публиката со насмевки и аплаузи.





