Култура24: Објавена целосната програма на Бит фест 2025

Општина Битола попладнево ја објави целосната програма на Бит фест за ова лето.
Под слоганот „Убавината на уметноста“, Битолското културно лето и годинава, во своето 17-то издание, носи богата програма исполнета со културни настани што го збогатуваат уметничкиот живот на градот.
Во текот на летото, Битола ќе биде сцена на: концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции, уметнички перформанси и многу други настани кои ја слават културата и креативноста. Покрај традиционалните фестивали и манифестации како „Илинденски денови“, „Битолино“ и „Широк сокак во бело“, оваа година за прв пат и фестивалот „Актерот на Европа“ кој традиционално се одржува во Ресен, ќе има две претстави во Битола.
Повеќе на линкот: Култура24: Објавена целосната програма на Бит фест 2025