ВЕЧЕРВА НА „БИТ ФЕСТ”: ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА „ГРОМ” ВО ХЕРАКЛЕЈА

Во рамки на Програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, вечерва со почеток од 21:00 часот, на античкиот локалитет Хераклеја ќе настапи легендарната македонска група „ГРОМ“, по повод 45 години од своето постоење.
Оваа музичка вечер се очекува да биде вистински спектакл под отворено небо, на едно од највпечатливите културни места во земјава. Членовите на групата „Гром“, најавувајќи незаборавен концерт, изразија искрена благодарност за поддршката од Општина Битола и за континуираното вложување на општината во културниот живот на градот.
Повеќе на линкот на ekran.mk: ВЕЧЕРВА НА „БИТ ФЕСТ”: ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА „ГРОМ” ВО ХЕРАКЛЕЈА