„СЛОБОДЕН СТИЛ ДО ЦРНА ГОРА“ ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ

 „СЛОБОДЕН СТИЛ ДО ЦРНА ГОРА“ ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ

На програмата на битолското културно лето, продолжуваат деновите на SEE film festival, со проекција на документарниот филм „Слободен стил до Црна Гора“ во режија на Ардит Садику (Албанија). Филмот беше награден за најдобар документарен филм од Европското и Американското жири 2022, на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон. Филмот е во времетраење од 72 минути, а ја раскажува приказната за Тонин Ѓини, кој во летото 1987 година, исплива од Албанија до Југославија, во потрага по слобода. Три децении подоцна, тој повторно ги посетува локациите и ги пресоздава настаните од тоа незаборавно искуство.

Како дел од вчерашната програма на филмската ревија, беше прикажан филмот „Елегија на ловорот“.