ЏЕЗ ВЕЧЕР СО КЛОД БОЛИНГ
Во Офицерскиот дом во Битола, во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, се одржа „Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на на труба и џез пијано трио – Тоот квартет.
Публиката, низ настапот на Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас и Филип Шурбевски-тапани имаше можност да ја проследи музиката која е микс од класична и џез музика, приемлива и интересна за секој слушател.