Канал 5: „Кротење на фуријата“ во режија на Пројковски

 Канал 5: „Кротење на фуријата“ во режија на Пројковски

На програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, денес се реализира програмата од четвртиот ден на Битола Шекспир фестивалот.

Како дел од оваа програма во 21.00 часот, во големата сала на Народниот театар во Битола, ќе се одигра претставата ,,КРОТЕЊЕТО НА ФУРИЈАТА” во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора.

Режисерот Пројковски за претставата ќе каже:

Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципи машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот. Во тој контекст, елизабетанските ставови за женската сексуалност и машката доминација се елемент на една поголема матрица од односи на општествена моќ. Односот меѓу половите, општествените пракси и општествениот ритуал се една од главните теми и борба на нашето време. Пиесата денеска е посебно актуелна зашто се доведува во прашање родот. Шекспир секогаш нѐ враќа на изворот на основните принципи на човечкото битие.

Повеќе можете да прочитате на следниот линк: Денес на Бит фест- Битола Шекспир со „Кротење на фуријата“ во режија на Пројковски