„ЈАС МАКЕДОНИЈА” ПРВА ТЕТАРСКА ПРЕТСТАВА НА ОВОГОДИШНОТО „БИТОЛИНО” НА БИТ ФЕСТ

 „ЈАС МАКЕДОНИЈА” ПРВА ТЕТАРСКА ПРЕТСТАВА НА ОВОГОДИШНОТО „БИТОЛИНО” НА БИТ ФЕСТ

Денес е третиот ден од театарската куклена работилница, за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски, која е дел од 11то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино”. Изминатите денови, дечиња од различни возрасти, покажаа голем интерес и зедоа активно учество на работилницата, развивајќи ги своите креативни вештини, но истовремено и навлегувајќи во театарската магија.

Вечерва, од 19.30, на Платото пред Офицерски дом, започнува официјалната програма на детскиот театрски фестивал „Битолино”, кој е дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, со претставата „Јас Македонија” по идеја на Јулијана Мирчевска, а во изведба на децата од Театарската школа Бабец.

Повеќе на следниот линк: „ЈАС МАКЕДОНИЈА” ПРВА ТЕТАРСКА ПРЕТСТАВА НА ОВОГОДИШНОТО „БИТОЛИНО” НА БИТ ФЕСТ