ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ИСЧЕЗНУВАЊЕ“ НА ВЛАДИМИР ИЛИЕВСКИ

Во Офицерскиот дом, синоќа беше отворена ликовната изложба „Исчезнување“ на авторот Владимир Илиевски.
„Планот не беше да се појавиш. Ниту да исчезнеш. Но, што е планот наспроти случувањето? А и како би исчезнало, ако не се појавило. Па на бело платно, изгорено дрво… и многу вода. Кога се обиде да ја измиеш нечистотијата, почна да исчезнуваш. Но, застана. Тогаш, ниту те имаше, ниту те немаше… Како облак кој ниту е вода ниту лед. Како задржан здив, ниту вдишан, ниту издишан. Исчезнувајќи – се појави“ – вели Владимир Илиевски, во својот осврт за изложбата.
Изложбата може да се посети, секој работен ден од 08.00 – 16.00 часот