ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА ГРАФИЧКИ ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ
Во Офицерскиот дом во Битола, како дел од програмата на „БИТ ФЕСТ“ беше отворена изложбата „Графички дела од македонски ликовни уметници“.
Изложбата опфаќа македонски ликовни уметници кои создавале во периодот од 1951 до 1991 година: Мартиновски, Биков, Шемов, Чемерски, Перчиников, Дада, Стефановски, Анастасов, Малиданов, Петлески и друго.
Кустос на изложбата е Владо Ѓорески, историчар на уметноста, а изложените дела се дел од Графичката мапа на Факултетот за ликовни уметности Скопје, издадена и публикувана во 1991 година и се дела на професори кои предавале на овој факултет.
Заради покомплетна слика на периодот, неколку графики се репродукции (Чемерски, Ташковски, Хаџи Бошков, Мартиновски), со цел да ја докомплетираат претставата за графичката продукција од тој период и да придонесат во информативен и едукативен контекст.