ЗАТВОРАЊЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕТСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛИНО“

 ЗАТВОРАЊЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕТСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛИНО“

Вчера во Битола заврши 11 издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, кој оваа година се одржа под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив). Фестивалот одбележа голема посетеност, а детската публика беше најбројна, што е особено значајно во реализацијата на повеќе цели, кои меѓудругото вклучуваат и развој на креативноста и фантазијата кај децата при градењето на една комплетна личност, како и нивно запознавање со историските, културните и традиционалните вредности.

За време на трите фестивалски денови беа одиграни 9 претстави, а настапија 7 театри од 6 земји: Македонија, Израел, Полска, Чешка, Швајцарија и Турција, со над 70 учесници.