Изложба на графички дела од македонски ликовни уметници на Бит фест

Во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето, е отворена изложбата „Графички дела од македонски ликовни уметници“.
Оваа изложба опфаќа македонски ликовни уметници кои создавале во периодот од 1951 до 1991 година: Мартиновски, Биков, Шемов, Чемерски, Перчиников, Дада, Стефановски, Анастасов, Малиданов, Петлески и др.
Кустос на изложбата е Владо Ѓорески, историчар на уметноста, а изложбата ќе ја отвори д-р Александар Стерјовски.
Повеќе на следниот линк: Изложба на графички дела од македонски ликовни уметници на Бит фест