SEE Film Festival

 SEE Film Festival

Денес, на битолското културно лето, завршува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, во рамките на која се прикажуваа најдобрите наградени филмови на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.

На последниот ден на филмските денови на БИТ ФЕСТ ќе биде прикажан играниот филмот „Аман!“ во режија на Гентиан Џикопули од Албанија во траење од 78 минути, кој е награден со награда за најдобра женска улога на Европското жири 2022 за Хелга Мустаферај.

Во 20:00 во Народен театар – Битола, во рамките на БИТ ФЕСТ, гостува Театарот „Јордан Х.К.Џинот“ со театарската претстава „Четири соби“, според делото на Квентин Тарантино и други автори, режија и адаптација Синиша Евтимов.

Претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни кои се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел.

Костимографијата и сценографијата: Александар Ношпал, музички соработник: Сашко Костов. Улогите ги толкуваат: Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Симона Димковска, Зорица П. Панчиќ, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов.