Армин ван Бурен на 3 август во Битола

Овој концерт е еден од ретките кога диџеј од ваков калибар доаѓа во Македонија. Настанот веќе привлекува огромно внимание, со посетители од целиот Балкан и пошироко, како што изјавуваат организаторите.

Годинава, Армин ван Бјурен беше меѓу главните ѕвезди на фестивалот Tomorrowland – еден од најголемите електронски фестивали во светот. Без него не поминува ниту еден значаен настан од светската електронска сцена. Тој е меѓу најбараните и најпосветените музичари во својата генерација, што го прави неговото доаѓање во Битола уште повредно.

Концертот на 3 август 2025 ќе биде негов трет настап во Македонија, но прв со толкаво ниво на продукција и исклучиво посветен сет за публиката во Битола. Покрај Армин, ќе настапат и Cyrillic, Sempre и Laura Van Dam – имиња кои дополнително ќе го збогатат вечерниот пулс. Очекувањата се високи – не само заради имињата на сцената, туку и поради ретката прилика Битола да биде центар на електронската музика на светско ниво.

Организаторите најавуваат спектакл со највисоки технички стандарди: импресивна звучна продукција, визуелни ефекти и безбедносна логистика на ниво на европски фестивали. Концертот е дел од пошироката визија да се позиционира Битола како музичка дестинација со потенцијал за големи настани.

  • Датум: 03.08.2025 - 04.08.2025
  • Почеток: 21:00 - 01:00 (Europe/Zagreb)
  • Локација: Стадион Петар Милошевски

Додај во календар