„ЉУБОВ И СВЕТЛИНА“

 „ЉУБОВ И СВЕТЛИНА“

Играта на светлината одлично ја надополни музичката вечер наречена „Љубов и светлина“ на која настапија Марина Коруновска – мецосопран, Александра Ристевска – пијано и Марјан Бакревски – кларинет, синоќа во Офицерскиот дом, во рамките на Бит фест.
Спојувањето на тројца врвни музичари, преку искучително добро одбраниот репертоар, во кој сите тројца покажаа дека се извонредни во својата област, на сцената донесе музика од Хајдн, Брамс, Шуберт, Григ, Прокопиев, Дебиси, Мусоргски и Пијацола.
Марина Коруновска, Александра Ристевска и Марјан Бакревски се професори во Државното музичко училиште во Битола.
Битолчани поминаа уште една прекрасна музичка вечер во рамките на Бит фест, чиј концепт оваа година донесе настани за сечиј вкус.