Почнува филмската ревија – „Денови на SEE Film Festival“
![Почнува филмската ревија – „Денови на SEE Film Festival“](https://bitfest.mk/wp-content/uploads/2022/07/nastan-denovi-see-film-festival-750x465.jpg)
Од денес, во Киното Манаки, како дел од програмата на битолското културно лето, почнува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, која ќе трае до 15 јули. Проекциите започнуваат во 20.00 часот и се бесплатни, а ќе бидат прикажани дел од најдобрите наградени филмови од дванаесеттото издание на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.
Вечерва, ќе биде прикажан филмот „КЕИФ“ (Македонска чалгиска традиција) во времетраење од 94 минути, во режија на Блаже Дулев, а по сценарио на Ристо Солунчев.
Повеќе на: Почнува филмската ревија – „Денови на SEE Film Festival“