КОНЦЕРТ НА МАРКО ВИДЕНОВИЌ – СЕПТЕТ

Програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, вечерва најавува прекрасен настап на Марко Виденовиќ – септет исполнет со композиции со битолски приказни, авторско дело на Виденовиќ.

Концертот насловен „Bitola stories“, кој ќе се одржи вечерва во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 21:30 часот, ги содржи програмските композиции „Bitola stories“, „Безистен“, „Рингишпил“, „The town is dead“, „Лечебна“, „Old bazar“, „Драгор“, „Понекогаш на тебе помислувам“, „Around the town“, „Кленовец“. Композициите се инспирирани од детството на Виденовиќ, како и неговите подоцнежни години, поминати во Битола.

Марко Виденовиќ – септет е составен од професионални музичари кои се редовни членови при Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. Во овој состав членуваат: Марија Јакимовска – флејта и алт флејта, Владимир Лазаревски – обоа и англиски рог, Игор Бакревски – кларинет и бас кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Кристијан Кожумановски – контрабас, Благоја Антовски – тапани, и Марко Виденовиќ – виола и пијано.

Како специјален гостин на вечерашниот концерт ќе настапи Никола Ристевски на бас тромбон.

  • Датум : 22 Јун 2022
  • Време : 21:30 - 23:00 (UTC+1)
  • Локација : Офицерски дом

Останати настани

Концерти Сите
Ракометно игралиште

Свечено затворање на Бит Фест – Концерт на група „Меморија“

Свечено затворање на Бит Фест – Концерт на

Концерти Сите
Офицерски дом

Песни на балканските народи

Песни на балканските народи Камерен хор „Одјек“ 21:00

Концерти Сите
Офицерски дом

Хорски концерт

„Хорски концерт“ Сашо Татарчевски 21:00 Офицерски дом