Детска куклена театарска работилница

Денеска почнува 11 издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ кој годинава се одржува под мотото „Per astera ad astra“ или „Патот до ѕвездите е трнлив“. На сцена 2 на платото пред Офицерскиот дом, од денес започнува театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски. Со оваа работилница, продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и со театарски јазик децата ќе се доближат до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница за изработка на кукли ќе трае три дена, односно ќе претставува еден експресно брз процес за создавање на куклена претстава во која куклите раководени од самите деца учесници на работилницата ќе оживеат на сцената во една кратка куклена претстава која ќе се одигра пред публиката на последниот ден од фестивалот.
Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да бидат привлечени од магијата на театарот и на тој начин да започне создавањето на нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми.
На интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, кој ќе трае до 7 август ќе се одиграат 9 претстави, а ќе настапат 7 театри од 6 земји (Македонија, Израел, Полска, Чешка, Швајцарија и Турција) со над 70 учесници.

Летна сцена зад Офицерски дом

  • Датум : 04 Авг 2022
  • Време : 12:00 - 20:00 (UTC+1)
  • Локација : Летна сцена зад Офицерски дом

Останати настани

Сите Фестивали
Плоштад Гоце Делчев

Широк сокак во бело

„Широк сокак во бело“ 21:00 Плоштад Гоце Делчев

Сите Фестивали
Плоштад Гоце Делчев

Широк сокак во бело

„Широк сокак во бело“ 21:00 Плоштад Гоце Делчев

Сите Фестивали
НУ Центар за култура, Офицерски дом

ИФФК „Браќа Манаки”

ИФФК „Браќа Манаки” 20:30 НУ Центар за култура,

Сите Фестивали
НУ Центар за култура, Офицерски дом

ИФФК „Браќа Манаки”

ИФФК „Браќа Манаки” 20:30 НУ Центар за култура,

Сите Фестивали
НУ Центар за култура, Офицерски дом

ИФФК „Браќа Манаки”

ИФФК „Браќа Манаки” 20:30 НУ Центар за култура,