РЕЦИТАЛ НА ДАВОР НЕЌАК – БАРИТОН И ГОРЈАНА СТОЈАНОВСКА – ПИЈАНО

Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, а во рамките на интернационалниот детски театарски фестивал „БИТОЛИНО“, во Офицерскиот дом во Битола, денес продолжува театарската работилница за изработка на кукли од разни
материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски.

Од 20.00 часот во Офицерскиот дом, ќе се одржи солистички концерт на Давор Неќак – баритон, во прудружба на Горјана Стојановска – пијано, а присутните ќе имаат можност да ја проследат концертната програма исполнета со дела од П. И. Чајковски, Џ. Верди, М. Равел, С. Рахмањинов, итн…

Биографија на Давор Неќак

Давор Неќак (баритон) роден е во Битола, а солист е на Ријечката опера во Хрватска. Музичкото образование го започнал како пијанист, а средното образование го продолжил како соло пеач во класата на проф. Маја Митровска. Своите студии ги продолжува на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршанич . Веќе на третата година од студиите на академијата во Загреб, со 21 година положува аудиција во Загребската опера и дебитира со улогата на Моралес во Кармен. Понатаму следуваат ангажмани:
улогата на Меркуцио во операта „Ромео и Јулија“ (Ч.Гуно) во продукција на Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц во Ријека, во Хрватскиот народен театар во Загреб, улогата на Беглербег во операта „Никола Шубиќ Зрињски“ (И.П.Зајц) во Хрватскиот народен театар во Загреб,улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“ (Ј. Масне) во продукција на Музичката академија во Загреб, улогата на Колас во операта „Бастиен и Бастиен“ (В. А. Моцарт) во продукција на ХНК Вараждин, улогата на Ван Стин во оперетата „Моќта на љубовта“ (Ѓ. Ајзенхут) во соработка со Ријечкиот театар и Загрепската филхармонија, улогата на Мајорот во операта „Животинска фарма“ (И. Куљериќ) во продукција на Академијата за музика во Загреб, улогата на Фигаро во оперетата „Прилежници“ (Л. Уран) на Театар „Комедија“.
Меѓу концертните настапи се истакнуваат настапот како солист во кантатата Кармина Бурана во продукција на Музичката академија во Загреб, настап со Загребската филхармонија во изведба на циклусот на Морис Равел: Дон Кихот а Дулсинее, солист во Мисата на Џоакино Росини „Petite messe solennelle“ во продукција на ХРТ – хорот, солист во Реквиемот на Фауре со академскиот хор „Палма“ , солист во Баховата Пасија по Марко во продукцијата на Музичката академија во Загреб, Исус во Баховата Пасија по Иван во продукцијата на Ријека ХНК, рецитали во ХНК Шибеник во сезоните 2019/2020. и 2020/2021 година, настап на Вараждинските барокни вечери во 2019 година како дел од проектот „Лазарус“, настапи со Џез Биг Бендот на Академијата за музика под диригентство на маестро Саша Несторовиќ. Веќе како студент е добитник на бројни награди, меѓу кои 1-ва награда на државниот натпревар ХДГПП во Загреб, 1-ва награда на меѓународниот натпревар во Словачка, Трнава – „Микулас Шнајдер Трнавски“, посебна награда на натпреварот ЗИНКА МИЛАНОВ, доделена од Љубљанската опера – Улогата на Онегин во продукција на љубљанската опера. Номиниран е за Хрватската актерско-оперска награда во категоријата „исклучително оперско достигнување за млади уметници до 30 години“, за улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“. Соработувал со диригенти како мо. Марчело Мотадели, Мо. Филип фон Штајнакер, мо. Марко Хриберник мо. Иван Јосип Скендер, мо. Јосип Шего, мо. Матија Фортуна, мо. Миран Ваупотиќ, мо. Даријан Ивезиќ, мо. Александар Калајѓиќ, а со режисерите: Арнауд Бернард, Озрен Прохиќ, Крешимир Доленчиќ, Саша Аночиќ, Марин Блажевиќ итн. Посетувал бројни семинари со познати професори и пејачи како Рајнер Трост, Оливера Миљаковиќ, Крешимир Стражанац.

Горјана Стојановска – пијано
20:00 Офицерски дом

  • Date : 04 Авг 2022
  • Time : 20:00 - 22:00 (UTC+1)