ФОТОГАЛЕРИЈА: „Четири соби“

 ФОТОГАЛЕРИЈА: „Четири соби“

Од вчерашното гостување на БИТ ФЕСТ на Театарот „Јордан Х.К.Џинот“ со театарската претстава „Четири соби“, работена според делото на Квентин Тарантино и други автори, во режија на Синиша Евтимов.

Претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни кои се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел.