ПРВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ЕТНОГРАФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА

 ПРВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ЕТНОГРАФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА

Синоќа во големата сала на Центарот за култура беше отворено првото издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал со проекција на филмот „Poron Hahmosa Pitkin Taivaankaarta”, односно „Како ирвас под небесниот свод”.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски истакна дека Битола, градот на првите сниматели на Балканот, Милтон и Јанаки Манаки станува побогат за уште еден филмски фестивал.
„Во изминативе 10 години, почнувајќи од 2012 година, во рамките на придружните настани на фестивалот Илинденски денови, се прикажуваше и по некој документарен етнографски филм, кој ја отсликуваше етнолошката генеза на одреден народ и неговите обичаи.

Созревајќи во многу области во изминатите години, фестивалот ја достигна својата зрелост, во своите рамки како придружна содржина да го има и првиоит Интернационален етнографски филмски фестивал, на кој ќе бидат прикажани 6 долгометражни и 5 краткометражни филмови од цел свет.

Фестивалот, а со тоа и Битола, преку овие филмски проекции ќе биде побогата за содржини кои навлегуваат во етнолошките битија на народите, можност за едукација на присутните за разновидноста на културата и обичаите, а се надевам дека ќе послужи и како мотив за поголема свесност за зачувување на локалното културно наследство и ќе биде инспирација за создавање на нови етнографски филмови, кои ја отсликуваат нашата традиција и култура“, посочи Коњановски.
Пред присутните се обрати директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски и селекторот на фестивалот. Тони Гламчевски.

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани 11 долгометражни и краткометражни филмови, со што практично е отворено 52 изднаие на фестивалот на народни песни и игри Илинденски денови.