Почнува филмската ревија – „Денови на SEE Film Festival“

 Почнува филмската ревија – „Денови на SEE Film Festival“

Од денес, во Киното Манаки, како дел од програмата на битолското културно лето, почнува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, која ќе трае до 15 јули. Проекциите започнуваат во 20.00 часот и се бесплатни, а ќе бидат прикажани дел од најдобрите наградени филмови од дванаесеттото издание на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.

Вечерва, ќе биде прикажан филмот „КЕИФ“ (Македонска чалгиска традиција) во времетраење од 94 минути, во режија на Блаже Дулев, а по сценарио на Ристо Солунчев.

Повеќе на: Почнува филмската ревија – „Денови на SEE Film Festival“