ПОСЛЕДНА ВЕЧЕР ОД „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“

 ПОСЛЕДНА ВЕЧЕР ОД „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“

Под слоганите „Градот е сега и овде“, „Градот не е нем“, „Градот се журка“, „Градот се сака“, „Градот е отворен“, годинава по 21 пат се одржа Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“. Организатор на фестивалот е Младинскиот културен центар од Битола, а истиот се реализираше со поддршка од општина Битола, како дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2022.

Синоќа, на последната фестивалска вечер од фестивалот „Битола отворен град“, во градскиот парк во Битола, публиката ја забавуваа битолската група “ВЕЛ“, потоа “БAiLDSA“ од Солун и групата “Helem Neјse“ од Сараево, Босна и Херцеговина.