КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „ПРОФУНДИС“ НА БИТ ФЕСТ

 КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „ПРОФУНДИС“ НА БИТ ФЕСТ

На 17.јули во недела, со почеток од 21 часот, во Офицерскиот дом во рамките на Бит фест, Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт. Солисти на концертот ќе бидат Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент.

„Профундис“ е уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Повеќе на: ТЕРА ТВ