ЗАПОЧНА ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

 ЗАПОЧНА ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

Со претставата “Макбет” во режија на Грегор Суски, а во изведба на Драмски театар “Александар Вегиерко”, од Бјалисток, Полска, на сцената во Народниот театар во Битола, започна програмата на осмото издание на Битола Шекспир фестивал.

Вљубениците во театарот и почитувачите на делата на големиот автор Вилијам Шекспир, до 30 јуни, ќе можат да проследат повеќе театарски претстави во изведба на театри од: Полска, Црна Гора, Албанија, Италија и Бугарија.

Битола Шекспир Фестивал, годинава се одржува под мотото „Мислата е слободна“ – цитат од делото „Бура“ на Шекспир.