ЗАВРШИ ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

 ЗАВРШИ ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

Со театарската претстава „Хамлет“ во изведба на Драмски Тeатар Иван Радоев од Плевен, во режија на Ованес Торосјан, синоќа заврши осмото издание на Битола Шекспир фестивал, кој оваа година е дел од програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.

Во изминатите шест дена, во организација на Народен театар Битола, на неколку сцени настапија театри од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија и Бугарија.

Битола Шекспир фестивалот оваа година се одржа под мотото „Мислата е слободна“, преземена како цитат од делото „Бура“ на Шекспир.