ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ: ВЕЧЕР СО ИМПРОВ ГРУПА „НАСТАП“

 ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ: ВЕЧЕР СО ИМПРОВ ГРУПА „НАСТАП“

Театарските игри во форма на забавно шоу ќе бидат изведени денес во рамките на програмата на Бит фест во Народниот театар во Битола со почеток од 20 часот.

Игрите ги играат: Григор Јовановски, Сергеј Димовски, Ангела Стојановска, Наталија Теодосиева

Водител: Борјан Стојков.

Импров групата “НАСТАП” се бави со играње на театарски игри на импровизација во форма на забавно шоу.

Импровизацискиот театар е чин на уметничко изразување во облик на непосреден, но комплексно структуиран јавен настап; обврзан да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.

Повеќе на следниот линк: ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ: ВЕЧЕР СО ИМПРОВ ГРУПА „НАСТАП“