ВЕЧЕР НА МУЗИКА И ТРАДИЦИЈА ВО СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА

 ВЕЧЕР НА МУЗИКА И ТРАДИЦИЈА ВО СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА

Саемот на ракотворби во организација на ЗУР Македонски ракотворби и изложбата насловена: Данабаш низ архивскиот материјал „Раскошот и проклетство“ во организација на Државен архив од Битола, беа дел од третата вечер на фестивалот „Локум фест – музика и традиција“. Музичкиот дел, кој беше дополнителна причина за раздвиженост на Старата битолска чаршија беше исполнет со настап на: пензионерската пејачка група „Сирма Војвода“ Битола, чалгиската тајфа„Антико“ и групата „Gipsy Groove“ од Косово.

Со оваа трета вечер, заврши 16 издание на „Локум фест“ – фестивалот кој својот зародиш го има во Старата битолска чаршија, а низ годините успешно ја реализира заложбата за поврзување во еден концепт на музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство.