„БИТОЛСКИ ПРИКАЗНИ“

 „БИТОЛСКИ ПРИКАЗНИ“

Прекрасните битолски приказни кои низ годините извирале и се раскажувале низ градските сокаци, преку прекрасни композиции беа пренесени пред битолската публика на концертот на Марко Виденовиќ – септет. Битола, како главна инспирација за творештво беше претставена низ програмските композиции „Bitola stories“, „Безистен“, „Рингишпил“, „The town is dead“, „Лечебна“, „Old bazar“, „Драгор“, „Понекогаш на тебе помислувам“, „Around the town“, „Кленовец“. Композициите се инспирирани од детството на Виденовиќ, како и неговите подоцнежни години, поминати во Битола.

Септетот кој како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, одржа концерт во Офицерскиот дом го сочинуваат професионални музичари кои се редовни членови при Македонската филхармонија и Македонската опера и балет и тоа: Марија Јакимовска – флејта и алт флејта, Владимир Лазаревски – обоа и англиски рог, Игор Бакревски – кларинет и бас кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Кристијан Кожумановски – контрабас, Благоја Антовски – тапани и Марко Виденовиќ – виола и пијано.

Како специјален гостин на концертот настапи Никола Ристевски на бас тромбон.