Битола Њуз: Концерт на Марко Виденовиќ насловен „Bitola stories“

 Битола Њуз: Концерт на Марко Виденовиќ насловен „Bitola stories“

Програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, вечерва најавува прекрасен настап на Марко Виденовиќ – септет исполнет со композиции со битолски приказни, авторско дело на Виденовиќ.

Концертот насловен „Bitola stories“, кој ќе се одржи вечерва во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 21:30 часот, ги содржи програмските композиции „Bitola stories“, „Безистен“, „Рингишпил“, „The town is dead“, „Лечебна“, „Old bazar“, „Драгор“, „Понекогаш на тебе помислувам“, „Around the town“, „Кленовец“. Композициите се инспирирани од детството на Виденовиќ, како и неговите подоцнежни години, поминати во Битола.

Повеќе можете да прочитате на следниот линк: Битола Њуз: Концерт на Марко Виденовиќ насловен „Bitola stories“