среда, 20 септември 2017 11:16:46
Бит Фест

Утрински Весник: Со концерт на Раде Шербеџија вечерва стартува „Битфест“

Admin Bitola јуни 25, 2013 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Утрински Весник: Со концерт на Раде Шербеџија вечерва стартува „Битфест“
Утрински Весник: Со концерт на Раде Шербеџија вечерва стартува „Битфест“

Во Битола од 15 до 19 јули ќе се одржи и новиот, Шекспиров фестивал

Анета Блажевска

Битола – Со ѕвезди од поранешна Југославија ќе почне и ќе заврши годинешното, осмо издание на битолското културно лето „Бит фест – 2013“, кое се смета за најдолга и најбогата со содржини културна манифестација од ваков тип во Македонија. Легендарниот актер Раде Шербеџија и „Западни колодвор бенд“ вечерва со почеток во 21 часот ќе одржат концерт на Хераклеја, додека пак, музичката ѕвезда Дадо Топиќ ќе стави крај на летните културни настани. „Бит фест“, кој и годинава се организира во соработка со културните институции во градот, а под покровителство на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, ќе понуди многу култура и забава со голем број домашни и странски учесници и над 242 содржини.

Битолското културно лето и годинава според најавите ќе урива рекорди. За само два месеца ќе се организираат 242 настани. Во програмата на „Бит фест“ ќе бидат застапени најразлични проекти: дури 22 со класична музика, со етнолошка содржина 11 настани, 31 рок и поп-концерти, 15 настани со филмска содржина, 17 театарски претстави, 4 модни настани, 23 литературни остварувања, 24 изложби, 15 фолклорни содржини, социокултурните содржини ќе бидат опфатени со 15 настани. И годинава ќе има детска програма со 9 настапи, 13 фестивалски содржини и 9 продукциски проекти.

Општина Битола го организира годинешното културно лето во соработка со националните установи од градот, со Завод и музеј, со Центарот за култура, со Народниот театар и Универзитетската библиотеката. Сите содржини ќе се одржуваат на различни локации почнувајќи од Широк сокак, Хераклеја, Градскиот парк, Театарот, Старата чаршија, поранешната касарна и др.. За најголемиот дел од настаните влезот ќе биде бесплатен, освен за некои концерти каде што влезницата ќе биде симболична.

Дадо Топиќ ќе настапи на концертот на битолскиот бенд „Мадригали“, а публиката ќе има можност да ги види и Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, познатиот диџеј од Лондон, Мајкл Греј и уште многу македонски и странски музички бендови.

Градот ќе се приклучи на големата мрежа на Шекспирови фестивали во светот. Така ова лето во него ќе доаѓаат познати актери, режисери, сценографи, музичари… Народниот театар – Битола од 15 до 19 јули ќе го организира новиот Шекспиров фестивал под покровителство на Општина Битола и Министерството за култура каде што ќе бидат одиграни шест претстави од Шекспир во изведба на исто толку театри од Европа и светот. Претставите ќе бидат изведувани на повеќе локации во Битола, а фестивалот ќе биде отворен со „Ромео и Јулија“, копродукција меѓу Битолскиот театар и „Вера Комесаржевскаја“ од Санкт Петербург. Директорот на Театарот, Валентин Светозарев, вели дека постои доволно самодоверба да се направи светски театарски фестивал во градот, дека оваа институција има доволно технички и уметнички сили за тоа.

„Ќе учествуваат и Народно позориште од Белград, Националниот театар од Тирана, Лингмунд театарот од Санта Барбара, САД, Хелсиншкиот театар од Финска. На крајот на ова прво издание го носиме и Националниот театар од Пекинг со претставата „Ричард Трети“ и се надеваме дека ќе се одигра во Хераклеја“, изјави Валентин Светозарев, директор на Битолскиот театар.

Битолскиот Завод и музеј за културното лето подготвува повеќе изложби како и ликовната колонија „Арт поинт гумно“ во селото на Петре М. Андреевски, Слоештица. Центарот за култура, меѓу другото, ќе се вклучи во одржувањето на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ каде што ќе учествуваат фолклорни групи од Бразил, Колумбија, Израел, Полска, 30 од Македонија. Градската библиотека, пак, подготвува промоции на книги и саем под наслов „Битола чита“.

Многубројните настани, но и очекувањата за поголема посетеност на содржините го отвораат и прашањето колку Битола е подготвена со сместувачки капацитети. Проблем кој се актуелизира и за време на одржувањето на ИФФК „Браќа Манаки“. „Во Битола многу тешко се наоѓа место за престој за време на летниот период поради големото присуство на уметници и на посетители кои доаѓаат да ги следат настаните. Секоја година имаме во просек три нови објекти за сместување кои се отвораат“, вели Тоше Ивановски, еден од организаторите на Фестивалот.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=00C32DEC9BD1EC409C5C3CECE75B903D

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-