петок, 22 септември 2017 04:46:44
Бит Фест

Утрински весник: Работата на „Битфест“ е задоволство, но и голема обврска

Admin Bitola август 11, 2013 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Утрински весник: Работата на „Битфест“ е задоволство, но и голема обврска
Утрински весник: Работата на „Битфест“ е задоволство, но и голема обврска

Цветанка Ристевска

советничка за односи со јавност во Општина Битола

Катерина Богоева

На програмата на Битолскиот летен фестивал – „Битфест“ досега, меѓу другите настани веќе беа одржани 43. „Илинденски денови“ и првото издание на „Битола Шекспир фестивал“. До кога ќе трае годинешниот Фестивал и уште колку настани е планирано да се одржат?

Оваа година во Битола се одржува најбогатото и најсодржајно културно лето во Македонија „Битфест 2013 “ под покровителство на градоначалникот Владимир Талески, а неговово осмо издание содржи над 242 програмски содржини кои веќе до половина и се реализирани. Почнавме на 25 јуни со исклучителниот концерт на Раде Шербеџија и „Западни колодвор бенд“, а остануваат уште околу 100 настани меѓу кои се и фестивалот на современи уметности „АКТО“, Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, концертот на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ и други значајни содржини. На 24 август „Битфест“ свечено ќе биде затворен со концерт на групата „Мадригали“, чиј специјален гостин ќе биде Дадо Топиќ.

Што беше специфично за досегашната реализација на програмата: гостите, просторот на кој се одржуваат настаните, бројот на публиката, различниот профил на настани или пак…?

„Битфест“ и годинава Општина Битола го реализира во соработка со културните институции од овој град користејќи ги сите затворени и отворени сцени и простори. Покрај настаните, гостите од целиот свет, од најголемо значење за покровителот на Фестивалот и за целата организација е задоволството од публиката. Всушност потврда за тоа е, како никогаш досега, огромната посетеност на сите настани. Различниот профил на настаните е огромна придобивка, која им дава можност на сите граѓани да уживаат во културните содржини по свој вкус. И секако, најголемиот дел од настаните се бесплатни.

Успеваат ли претставниците на Општина Битола да контактираат со странските учесници на „Битфест“ и да ги запознаат на свој начин со вредностите на Битола и нејзината околина?

За добар настан потребна е одлична организација за што одговорноста ја носат сите вработени во Одделението за култура. Контактите со странските учесници се многу чести, а секако тоа е одлична можност пред нив да се презентира големото културно- историско наследство на Битола и исклучителните поволности кои ги овозможува општината за инвеститорите. Интензивниот развој на индустриската зона „Жабени“ и инвестициите на „Златен рид“ – поранешна касарна, само го потврдуваат големиот интерес на странските инвеститори за Битола и нејзиниот подем покрај на културен, и на економски и инфраструктурен план.

Како го минувате Вие слободното време, Ве привлекуваат ли убавините на Пелистер, на Преспа или пак заминувате некаде подалеку за полнење на батериите?

Да се работи на еден фестивал кој доживува меѓународна афирмација и промоција претставува задоволство, но истовремено и голема обврска. Вистинска умешност е да се направи спој на работните обврски и времето за најблиските што најчесто значи следење и координација на културните настани во друштво на луѓето кои ми се драги. Секое слободно време пак се обидувам максимално да го посветам на семејството, пред се’ на мојата шестгодишна ќеркичка, која ужива во прошетките низ убавините на прекрасниот Пелистер.

http://daily.mk/forward/2292039/rabotata-na-bitfest-e-zadovolstvo-no-i-golema-obvrska

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-