петок, 22 септември 2017 04:47:00
Бит Фест

Утрински весник: Интервју – Во Србија „Хенри Шести“ се гледа низ моменталната политичка ситуација

Admin Bitola јули 24, 2013 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Утрински весник: Интервју – Во Србија „Хенри Шести“ се гледа низ моменталната политичка ситуација
Утрински весник: Интервју – Во Србија „Хенри Шести“ се гледа низ моменталната политичка ситуација

„Живееме едни покрај други, а ништо не знаеме едни за други. Шекспир и уметноста се тука за да не’ поврзат“, вели Хаџи Ненад Мариќиќ

Елена Ангеловска

Природен, спонтан, насмеан и отворен е српскиот актер Хаџи Ненад Мариќиќ, кој ја толкува главната улога во претставата „Хенри Шести“ (прв дел) од Народниот театар во Белград, што беше изведена на сцената на битолскиот театар на вториот ден од актуелниот, „Битола Шекспир фестивал“.

Неговата позитивна енергија, шарм и топол приод кон луѓето со што со леснотија започнува разговор, не може, а да не се забележи. Доаѓањето во Битола за него е прекрасно искуство кое му дава можност подобро да се запознае со колегите од кои го делат неколку стотици километри. Тој му се заблагодари на Шекспир и на уметноста која ги поврза.

Раната историска драма на Шекспир, „Хенри Шести“ потекнува од 1591 година и е едно од најкомплицираните Шекспирови дела за поставување на сцена. Таа отвора многу вонвременски прашања. Зошто сметате дека е важно да се игра ова негово дело денес и колку Шекспир е современ?

Ми се чини дека резултатот на нашиот процес откри зошто оваа драма е битна денес. Шекспир во сите свои дела, дали говори за Ромео и Јулија или за власта на Хенри Шести, тој зборува за некои вечни теми кои отсекогаш постојат кај луѓето, како на пример, гревот. Многу е јасно кога се во прашање делата на Шекспир дека тие се вонвременски, дека може да се играат во секое време на секој јазик. И ова дело имаше нешто универзално и ние и со тоа се занимававме. Ние мораме многу добро да ја знаеме англиската историја за да дојдеме до она што е универзално за нас. Во случајот на „Хенри Шести“ тоа беше борбата за власт, моќта, интригите, измамите, лицемерието. Сето тоа го има во оваа претстава и тоа се некои универзални работи со кои човекот се занимава откако постои.

Колку Вас ве има во ликот на Хенри Шести?

Тоа е тешко да се каже. Интересно е што во процесот на работата откривме дека стилот на нашето играње мора да биде таков како ние да реагираме на се’ околу нас, како ние да сме во таа ситуација, а од друга страна многу добро да ја познаваме материјата, се она што не’ опкружува и се’ она што може да биде 15 и 16 век кога сето тоа се случувало. А повторно да реагираме импулсивно.

Ми се чини дека со она што го учевме на академијата за Шекспир одевме по некој пат по кој не’ водеа професорите и сега дојдовме со процес на вежби и игри кои не’ инспирираа да фантазираме за тоа време. Јас поминав еден неверојатен процес, многу сакам историја и на колегите им беше интересно што постојано доаѓав до некои неверојатни податоци. На крајот на процесот ми се чини дека дојдов до почетните претпоставки дека Шекспир ги правел нештата за Елизабета, за народот и Елизабета да видат дека Хенри Шести ја симболизира Елизабета.

Како публиката во Лондон, а како пак во Белград ја прифати претставата „Хенри Шести“?

Во Лондон публиката ја прифати претставата онака како што и очекувавме. Реакциите беа фантастични и сите медиуми пишуваа на најдобар можен начин. Меѓутоа, белградската публика таа приказна ја гледа на сосема друг начин. Англичаните гледаат како на нешто што е дел од нивната историја, а во Србија тоа се гледа низ нашата моментална политичка ситуација. Така да во суштина нашата задача е исполнета, ние од еден невозможен текст за кој Англичаните не веруваа дека денес може да се игра, направивме нешто што е прифатливо на сите континенти. Тие денес ја гледаат претставата и велат дека ги уверивме во тоа и прифатија многу наши штосеви.

Како си поминувате во Битола?

Овде се случи многу убаво искуство, многу убаво пријателство што сигурно ќе отвори можност за понатамошна соработка. Многу ми е важно на мене и на моите колеги дека разменивме искуства со луѓе кои се на неколку стотици километри оддалечени од нас. Малку да се запознаеме, да слушнеме како живееме. Бидејќи живееме едни покрај други, а ништо не знаеме едни за други. Шекспир и уметноста се тука за да не поврзат. Фала му на Господ што е така.

Што е за Вас поголем предизвик – да играте на некоја светска театарска сцена или на филм?

Секогаш се’ е предизвик. Театарот е секако прва љубов на секој актер кој студирал на балканските простори и прво игралиште. Филмот секогаш е предизвик, тоа за актерот е егзотика, нешто што сите сакаме да работиме зад телевизија, за филмската лента, но повторно станува збор за различни медиуми и отвара многу поинакви искуства.

Имам работено на филмови и играв главна улога во серија која беше на националната телевизија. Јас сум актер и секогаш сум подготвен да одговорам на задачите. Битно е да ме повикаат.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=B791D81990EC144FBB689B85A61F810B

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-