среда, 23 август 2017 10:02:43
Бит Фест

Утрински Весник: „Бит фест“ – Тагувам за југот

Admin Bitola јуни 27, 2013 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Утрински Весник: „Бит фест“ – Тагувам за југот
Утрински Весник: „Бит фест“ – Тагувам за југот
Раде Шербеџија направи фантастичен концерт во Хераклеја пред повеќе од 3.000 гости

Анета Блажевска

„Македонците пеат најубаво од сите. Тоа е голем суд, така што мораш посебно да внимаваш на секоја интонација“, рече познатиот филмски и театарски актер, поет и шансониер од некогашните југословенски простори, Раде Шербеџија, пред почетокот на својот концерт во античкиот локалитет Хераклеја во Битола каде што настапи на официјалното отворање на најдолгото културно лето во Македонија „Бит фест“.

„Јас се чувствувам како Македонец посебно по снимањето на филмот ’Пред дождот‘ на Милчо Манчевски и сум како дел од Македонија“, рече Шербеџија пред битолчани.

Околу 3.000 посетители го исполнија амфитеатарот во Хераклеја, во исклучителна атмосфера со многубројни аплаузи поради интеракцијата која Шербеџија успеа со леснотија да ја наметне со публиката. Малку рецитирање, повеќе песна, Шербеџија им приреди вистинско задоволство на публиката.

Во олабавена атмосфера, Шербеџија и на сцената не се откажа од македонското вино. „Македонското вино е супер“, рече тој, насмевнувајќи се на провокацијата на новинарите дали ќе го пие виното „т’га за југ“.

„Тагувам за југот, бидејќи тука е потопло, поубаво…“, рече Шербеџија.

Придружуван од составот „Западни колодвор“, Шербеџија пред битолчани, или поточно кажано со битолчани, испеа неколку македонски песни, како „Елено, ќерко Елено“, „Си заљубив едно моме“ и неколку песни од Арсен Дедиќ.

„Јас сум вистински драмски актер, така што и кога пеам, навистина ми е лесно кога настапувам во еден вистински амфитеатар. Во Битола сум настапувал неколку пати и секогаш ми е најтешко кога настапувам тука“, зборуваше Шербеџија .

Големиот шоумен не пропушти да им раскаже на битолчани и некои од неговите згоди и незгоди низ светот по распадот на Југославија.

„Кога го изгубив својот театар, кога почна војната, јас тогаш заминав од оваа, од онаа земја и престанав да глумам во театар, а тоа ми недостасуваше. Ми недостасуваше тој контакт со публиката… и потоа почнав сам да пишувам песни, да работам, токму поради тоа да имам повторно контакт со својата публика“, рече тој.

Кога веќе се навестуваше крајот на дружбата со Шербеџија, од публиката, во која доминираше поубавата половина, една дама доволно гласно праша: „А, Инес?“ И тогаш големиот шмекер, кој очигледно не загубил многу од својот шарм, веднаш возврати со стиховите на оваа безвременска песна и накрај, како јаготка на шлагот, со многу емоции ја рецитираше својата „Инес“.

Концертот заврши со спектакуларен огномет, а Шербеџија ја натера публика заедно со него да ја запее „Битола, мој роден крај“.

Специјален гостин на вечерта, кој беше изненадување за битолската публика, беше Влатко Стефановски, кој ја крена атмосферата до максимум.

Очекувањата на покровителот на фестивалот од овој настан беа големи, а исклучителниот концерт го потврди тоа.

„Навистина ми е голема чест да бидам заедно со Раде вечерва. Раде е актерот кој беше пример за сите нас – многу генерации, човекот кој постигна светска – интернационална популарност, човекот кој многу ни значи на сите… и јас сакам многу да му се заблагодарам на Раде што не’ удостои со своето присуство да го отвориме ’Бит фест‘, овде во вечната и единствена Хераклеја Линкестис во Битола“, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C8747DB3FEF23947A079EC8304FA460A

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-