сабота, 19 август 2017 07:15:26
Бит Фест

Утрински: По 4 децении, „Мадригали“ и Дадо Топиќ во Битола

Admin Bitola август 24, 2013 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Утрински: По 4 децении, „Мадригали“ и Дадо Топиќ во Битола
Утрински: По 4 децении, „Мадригали“ и Дадо Топиќ во Битола

Битолскиот рок-состав „Мадригали“ по 40 години од правата свирка, повторно се собира на сцена. Своевремено најпопуларните битолски рокери, афирмирани и на просторите на бивша Југославија, в сабота во 21 часот ќе одржи концерт на античкиот локалитет Хераклеја.

Специјален гостин на настанот ќе биде легендата на југословенската рок-музика – Дадо Топиќ, а дел од манифестацијата ќе биде и групата „Токму така“ и „К-15“.

Така битолчани по многу години ќе можат во живо да ги чујат рок-песните „Македонски рок“, „Зошто јас сум човек мал“, „Плати една дупла“, како и антологиската песна „Македонија“ на Топиќ, „Елизабет“… Хитови кои долго се вртеа на топ-листите на Македонско радио. За овој концерт некои од членовите на „Мадригали“ допатуваа од Австралија и од Шпанија, полни со енергија и ентузијазам што повторно ќе ги оживеат рок-песните на својата младост.

„Тогаш бевме млади и лични, а сега само лични“, рече на шега Томе Георгиевски-Шкипо, тапанар од првиот состав на групата „Мадригали“.

„По 40 години, се собравме, старото друштво, да отсвириме како порано, а можеби и подобро оттогаш“, рече Миле Шерденков, бас-гитара, напоменувајќи дека дел од членовите на „Мадригали“ веќе не се на овој свет. Сега на сцената се враќаат Цане Николовски – вокал и флејта, Благој Тасевски – соло-гитара, Љупчо Дамевски-Трубата – клавијатури, Љупчо Стојчевски – соло-гитара, Благој Димитриевски – тапани. Секако, на сцена се очекува и присуството на Драган Каранфиловски-Бојс – гитара.

Членовите на „Мадригали“ се горди зашто нивните песни останаа како евергрини во македонската музичка антологија.

„Се’ се менува во животот, ништо не стои наместо, но евергрините си остануваат. Се’ уште ги свириме истите песни со истата љубов. Рокот и старите музички стилови никогаш нема да умрат. Како што никогаш нема да умрат Елвис Присли, ’Битлси‘“, вели Георгиевски-Шкипо. Членовите на „Мадригали“, сепак, не открија во каква гардероба ќе излезат на сцената и колку ќе го испочитуваат кодексот на облекување на рокерите.

„Мадригали“ и Дадо Топиќ годинава го затвораат најдолгото културно лето „Бит фест“.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=B9E55AE2A29071489695AD2B0E981A97

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-