понеделник, 24 април 2017 09:19:25
Бит Фест 2015

Уметникот Рамазан АЈкилич од Измир на колониЈата во Битола

Бит Фест август 17, 2015 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Уметникот Рамазан АЈкилич од Измир на колониЈата во Битола
Уметникот Рамазан АЈкилич од Измир на колониЈата во Битола

Со боите и зборот ја одржувам врската со родната Македонија

Турскиот уметник Рамазан Ајкилич од Измир одлично зборува македонски јазик, а инспирација за сликање му се убавите македонски жени и нашиот народен фолклор. Тој вели „јас по род сум Македонец“, а за земјава го врзуваат неговите семејни корени. Родителите му потекнуваат од село Горно Врановци, општина Чашка, кои во Турција се иселиле во 50-тите години од минатиот век. Тој, иако се родил таму, првиот јазик што го совладал бил македонскиот. Деновиве Ајкилич е дојден во Битола за да учествува на Балканската колонија на ракотворци што се одржува во Битола. Гостувањето во родниот крај ќе го искористи и за да ја прошири својата колекција со женски портрети и фолклорни мотиви.

Од баба ми научив македонски

– Македонија е мојата инспирација, а сликањето е мојот живот. Работам претежно со акварел, но и во други техники. Најмногу цртам портрети од лични жени. Жената е украс на земјата. Идејата ми е да изработам цел опис со портрети на македонски жени и народни носии – вели Ајкилич.

Тој е третпат во Македонија. Веќе насликал повеќе портрети и други цртежи со енолошкото македонско богатство, посебно од Горно Врановци. Се надева кога ќе ја комплетира колекцијата и изложбата ќе ја отвори во Македонија.

– Врската со оваа земја ја воспоставувам преку четката, но и преку зборот. § должам голема благодарност на мојата баба од која го научив македонскиот јазик. Kога бев мал, дома зборувавме најмногу на македонски, а многу малку на турски јазик. Баба ми почина во Турција, а турски не научи – додава уметникот.

Далеку од земјата на своите предци инспирацијата за ликовното творештво ја добива дури и од македонската песна која во неговото семејство отсекогаш се негувала. При срце му се песните на Васка Илиева, која има напишано и песна за иселениците од Горно Врановци.

– Моите родители од Турција извесен период отпатуваа во Германија на привремена работа. Исто така, се погодило и Васка Илиева да отиде на концерт во Германија каде што сретнала наши иселеници од Турција што биле на печалба таму. Ги запрашала за нивната животна историја и ја испеала песната – додава Ајкилич.

За време на престојот во Битола ќе има задача да направи скица за дефинирање на профилот на битолскиот чкембар, препознатлив прекар за битолчани, по кој во иднина може да биде изработен и сувенир на градот Битола.

За Гинис најдолгата цветна патека

Ајкилич е еден од 30-те уметници кои учествуваат во третата по ред Балканска колонија на ракотворци во Битола, која трае до недела, во организација на здружението „Астерион 5“.

Учесниците се гости од Македонија, Србија, Босна, Турција и од Австрија. На програмата се повеќе изложби, работилници, мастер-класи.

– Ракотворците ќе ја демонстрираат својата техника на мотивите маглонија, киното „Манаки“ и пелистерскиот рис, со цел да создадат сувенир кој ќе ~ го понудиме на општина Битола и на публиката – изјави Дивна Грданова-Kараџовска, претседател на „Астерион 5“.

На колонијата ќе биде презентирана и најдолгата цветна патека насликана со акрилни бои со која македонскиот уметник Живко Поповски – Цветин ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекордите. Патеката која има цел да пренесе порака за мир в сабота ќе биде изложена на Широк сокак.

Учат од хуманистот Руслан Сергеев

Мастер-класите со студентите по ликовна уметност на колонијата ќе ги одржува познатиот израелски уметник со руско потекло Руслан Сергеев. Познат е по уникатни и огромни скулптури од мозаици, па го нарекуваат дизајнер на пејзажни расположенија. Тој е автор на 95 пејзажни мозаични скулптури и девет уникатни паркови со скулптури. Неговите дела се продаваат и по 50.000 евра, а најчесто парите ги донира за хумани цели, за поддршка на училишната програма за сиромашни деца во Ерусалим, за поддршка на семејства со хендикепирани деца, програми за удомување злоупотребувани деца и друго.

 

http://dnevnik.mk/?ItemID=C3A51DE44E36B64F91176F730AB68CEE

 

 

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-