недела, 22 октомври 2017 20:53:43
Бит Фест

Мрт1: Почнува 43. фестивалот на народни песни и игри „Илиденски денови“

Admin Bitola јули 30, 2013 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Мрт1: Почнува 43. фестивалот на народни песни и игри „Илиденски денови“
Мрт1: Почнува 43. фестивалот на народни песни и игри „Илиденски денови“

Традиционалното дефиле по Широк Сокак на културно-уметничките друштва од Македонија и странство и орото „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола и годинава ќе го одбележат свеченото отворање на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илиденски денови“.

Валентин Соклевски, режисер на фестивалските вечери вели дека заштитниот знак на фестивалот не се менува и затоа почнуваат со насекаде познатото оро „Комитско“, а потоа ќе се испреплетуваат игрите и песните на останатите учесници на 43 издание на годинешните „Илиденски денови“.

– Имавме многу апликации но селективната комисија избра 30-на фолклорни групи и ансамбли од Македонија, како и фоклорни групи од странство. Имајќи го пред вид фактот дека преку овој фестивал се прикажува традиционалното во најизворната можна форма, можам да посочам дека публиката во Битола ќе може да види најразлични обичаи, обреди, традиционални ора и песни, играорци и инструменталисти од сите возрасти, ќе се видат карактеристиките на сите етно региони на Македонија, фолклорот на етничките заедници и многу вреден мозаик со интернационален фолклор, истакна Соклевски.

Најновото издание на фестивалот на народни песни и игри „Илиденски денови“ на културната јавност до 1 август ќе и понуди две фестивалски вечери со традиционална музика и игра на кои ќе настапат 21 културно уметничко друштво, ансамбли и танцови друштва, една вечер ќе биде посветена на староградската музика и игра и една интернационална вечер што ќе се одржи во античкиот локалитет Хераклеја на која ќе настапат ансамблот „Слезание“ од Дзиерзониов-Полска, фолклорната група „Туфем“ од Анкара-Турција, фолклорниот ансамбл „Ерусалим“ од Израел и ГЕМП танцова школа Крисиумал од Бразил.

Република Македонија на свеченото затворање ќе биде претставена од националниот Ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“. Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илиденски денови“ е дел од мрежата на фолклорните фестивали во Светот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а организатор и домаќин е НУ Центар за култура-Битола.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/kultura/83803/pochnuva_43__festivalot_na_narodni_pesni_i_igri_%E2%80%9Eilidenski_denovi%E2%80%9C.aspx

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-