недела, 20 август 2017 06:17:19
Бит Фест

Cooltura: Исклучителен викенд на Бит Фест

Admin Bitola јули 1, 2013 Бит Фест во медиумите Коментарите се исклучени на Cooltura: Исклучителен викенд на Бит Фест
Cooltura: Исклучителен викенд на Бит Фест

Со спектакуларен настап на светски познатиот ди-џеј од Велика Британија Мајкл Греј и една од најпознатите жени ди-џеи во Европа, унгарката Дијане Надине, синоќа на Широк Сокак заврши Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“.

Врнежливото време не ги спречи битолчани, но и многубројната публика од државата и регионот да дојде на најамбиенталната улица во голем број и да помине исклучителни мигови на добра забава.

Најновото издание на „Битола отворен град“ е во рамките на битолското културно лето „БитФест“ кое синоќа понуди и целовечерен концерт на мешаниот и женскиот хор на КУД „Стив Наумов“ кој се одржи во пациото на Завод и Музеј-Битола.

Мешаниот хор исполни дела од Јаков Аркадел, Стеван Мокрањац, Тодор Скаловски и Стефан Гајдов, додека младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“ исполни дела од Бах, Реј Чарлс, Гусеин Ли и други композитори.

Денешната програма (недела) на Бит фест започнува со фестивалот на олдтајмери, односно автомобили кои се постари од најмалку 30 години. Минатата година програмата помина одлично со повеќе од 40 возила, а слично се очекува да биде и оваа година.
Настанот ќе се одвива на плоштадот „Гоце Делчев“ од 10 до 16 часот во организација на Здружението на љубители на стари возила „Олдтајмер клуб ретро фрикс“ од Битола. Организаторите очекуваат добра забава проследена со рокенрол и секако, одлични автомобили.

На битолскиот плоштад присуството го потврдија сопственици на олдтајмери од неколку македонски градови, а сигурно изложување на своите модели најавија и гостите од Србија кои исто така ќе допатуваат во Битола. Во рамките на овој фестивал на плоштадот Магнолија од 21.00 часот ќе започне Old School Fest.

Во 11.00 часот во малата сала на Центарот за култура започнa работилницата за фотографија „Мојата прикаска“ во организација на Фото кино клуб – Битола.

Станува збор за фотографот Драги Неделчевски кој со повеќе од 150 фотографии ја раскажува својата фотографска и животна приказна. „Мојата приказна“ е невообичаено патување во светот на фотографијата. Фотографијата како феномен кој последниве 180 години сосема го смени начинот на кој човекот го гледа светот околу себе, Драги Неделчевски ја доживува на свој начин. Таа му служи како средство за креативен израз, како средство за забележување на моментите кои неповратно заминуваат во историјата, како средство за коментар на сето она што не окружува.

Неговите фотографии, направени последниве 35 години, дополнети со коментари, факти, дигресии и анегдоти, фрлаат сосема ново светло на фотографијата. Оваа работилница е плод на долгогодишната соработка меѓу Фото Кино Клуб Битола и авторот на ова предавање, поучно за почетниците, интересно за поискусните, а инспиративно за сите – тоа е светот на фотографијата на Драги Неделчевски.

Во 19.30 на Битолски Баир на игралиштето на урбаната заедница „Димитар Влахов“ ќе се одржат Денови на ромската култура во чии рамки ќе се одржи изложба и концерт.

Во 20.00 во Културниот центар Магаза започнува фестивалот „Поетски синтези“

Фестивалот се одржува четврта година и има тенденција да прерасне во меѓународен поетски фестивал. Поетската вечер во магаза ќе биде исполнета со колаж на поезија од 19 – 20 век: Константин Миладинов, преку Кочо Рацин и Коле Неделковски, до Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Радован Павловски, Светлана Христова Јоциќ, Веле Смилевски.

На свеченото отворање на фестивалот со своја поезија ќе се претстават: Златко Крамариќ – Република Хрватска (амбасадор), д-р Владимир Мартиновски (Скопје), Трајче Кацаров (Штип), д-р Веле Смилевски (Скопје), Раде Силјан (Скопје), Борче Панов (Радовиш), Бобан Богатиновски (Куманово), Санде Стојчевски и Весна Ацевска (Скопје), Христо Петревски (Скопје), Ленче Милошевска (Скопје), Славе Ѓорго Димовски (Струга), Христина Аџиоска (Охрид) и од Битола: Весна Мундишевска, Милица Радевска, Мирјана Стојановска, Радован Цветковски и Маја Стела, Панде Манојлов.

Во 20.30 часот, во Завод и музеј ќе се одржи Концерт на мандолински оркестар при КУД Стив Наумов со следната програма

ЦЕЛОВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ НА МАНДОЛИНСКИОТ ОРКЕСТАР ПРИ КУД „СТИВ НАУМОВ“ БИТОЛА ЗА „БИТ-ФЕСТ 2013“ ГОДИНА

1. „МЕЧТАЕЊЕ“ – РОБЕРТ ШУМЕН
2. „ВАРИЈАЦИИ“ – МИХАЈЛО НИКОЛОВСКИ
3. „УНГАРСКИ ТАНЦ“ – ЈОАНЕС БРАМС
4. „БАБАМ БИТОЛА“ – КИРИЛ ТРАЈКОВСКИ
5. „ВИНО,ЖЕНИ И ПЕСНИ“ – ЈОХАН ШТРАУС
6. „ТУРСКИ МАРШ“- В.А.МОЦАРТ
7. „ПОД ИСТОЧНО НЕБО“- КИРИЛ ТРАЈКОВСКИ
8. „ПЕПИТА ГРОС“- ПЕРЕЗ ШОВИ
9. „РАДЕТСКИ МАРШ“- ЈОХАН ШТРАУС

ДИРИГЕНТ
НИКО НАУМОВ

http://cooltura.mk/?p=33430

Ви се допаѓа написот? Споделете го!

Коментарите се затворени.

I pushed casus telefon back from my casus telefon desk and spun around in my chair to face her. Cathleen dropped to the floor on her knees. She unzipped my fly, casus telefon unbuckled my belt casus telefon and unfastened my trousers. I lifted my casus telefon hips as she pulled my suit pants and underwear down to my knees. I tossed my casus telefon tie over my shoulder and tucked my shirt up out of the way. My cock was hard by the time she exposed it and she covered with her sensuous mouth. No one sucked cock better than Cathleen and she quickly had me on the verge of cumming
casus telefon
-